Родителството кога двата родитела работат

Одржување рамнотежа меѓу обврските на работа и дома кога двата родитела работат може да биде напорно. Внимателно планирање на потребите на семејството и децата е важно и може да намали дел од нервозите поврзани со зафатеноста на работа и дома.

Избирањето на грижата за децата додека вие сте на работа е една од најважните работи. Ако имате предучилишни деца, изборот на вид на грижа која најдобро ќе им одговара на децата и на вас е критично. Ако имате деца на училишна возраст, може да им треба згрижување пред или по училиштето. Постојат многу различни видови на згрижување, особено за предучилишни деца, вклучувајќи го проширеното семејство, згрижување од други во домот и различни видови на згрижување во градинки. Настојувајте да го изберете видот на згрижување за вашето дете заедно.

Размислувајте за тоа кој ќе го носи и зема детето од градинка или училиште. Разговарајте за тоа кој е пофлексибилен на работа, кој може да го прилагоди работното време на потребите на детето. Ако само едниот родител може тоа да го стори, тогаш што друго може да стори другиот родител за да ги поделат обврските на родителство и семејните задачи.

Грижа за болно дете може да донесе големи нервози кога и двата родитела работат. Неизбежно е децата да се разболат. Добро е да се има еден или двојца возрасни, најверојатно членови од семејството, кои ќе можат да помогнат ако детето се разболе. Кога и двата родитела работат, секој од родителите треба да допринесува подеднакво кон грижата за децата и водењето на домаќинството. И двата родитела треба да минат време заедно како двојка, да поминат време одвоени и како семејство. Децата треба да чувствуваат припадност кон семејството и дека безусловно ги сакате.

Кога и двата родитела работат, поделбата на работата дома е важна. Може да се развие одбивност ако еден од родителите чувствува дека ги има сите одговорности во домаќинството. Постарите деца може да помагаат со обврските, најдобро ако целото семејство работи во куќата неколку часа во саботите наутро оставајќи го остатокот од викендот слободен за семејни и поединечни активности.

Во семејство каде и двата родитела работат, и на двата родитела им треба “нивно” време, кога другиот родител ги превзема обврските за грижа за децата. Тоа ќе овозможи родителот да помине време во активности кои го интересираат или пак едноставно да се одмори.

Кога и двата родитела работат може да биде тешко да најдат време заедно како двојка. Некои родители чувствуваат дека тоа е време кога некој друг се грижи за децата. На родителите им треба време да поминат заедно и да уживаат во заедничкото друштво како возрасни.