Секое дете е различно

Како родители, ние постојано ги споредуваме нашите деца со другите. Иако ова може да не прави горди, може и да не загрижува дека нешто не е во ред со нашето дете или дека ние грешиме како родители.

Секое дете е различно. Децата различно се развиваат, имаат различни карактери, поседуваат различни особини и имаат потреба од различна подршка за исполнување на нивните индивидуални потреби.

Децата се развиваат по свој редослед и на свој начин

Децата растат и се развиваат на различни начини. Додека патиштата на нивниот развој може да бидат различни, повеќето минуваат низ предвидливи фази. Нормално е за децата да минат низ интензивен како и спор развој во различни делови од нивниот развој во текот на времето. Ако вашето дете напредува или назадува на определена возраст – тоа е нормално. Со текот на времето, со правилна исхрана и стимулација, сите деца на крајот ќе се развијат.

Сите деца имаат различни јаки и слаби страни. Некои се добри во спорт, некои во музика. Некои се академски, други не се. Некои се нервозни, некои се опуштени. Некои деца спијат добро, а некои се будат ноќе со години.

Дали сте на прав пат

Многу родители се чувствуваат дека се под зголемен притисок да постапуваат исправно како родители. Други се чувствуваат под зголемен притисок добро да ги воспитуваат децата кои за возраст се очекува да бидат успешни во училиште, спорт и работа.

Многу родители чувствуваат дека родителството не им доаѓа спонтано.

На родителие често им недостига сигурност да знаат како да бидат родители на начин кој најдобро ќе ги исполни индивидуалните потреби на нивните деца. Многу родители чувствуваат дека се осудувани од другите заради нивниот пристап како родители. Овие искуства може да доведат родителите да се чувствуваат осамени и изолирани. Многу чувствуваат дека другите родители не минуваат низ слични искуства.

Сите овие се чести мисли и искуства.

Не сте само вие

Улогата на родителите постојано се менува зашто растечките потреби и можности на нашите деца се менуваат со текот на времето.

Не постои единствен начин од почетокот до крајот. Она што функционира за едно дете не работи за друго. Она што одговарало кога децата биле двегодишни не одговара кога тие се четиригодишни.

Прилагодливоста и флексибилноста се главните состојки на родителството.

Нормално е да ви недостасува сигурност понекогаш како родители. Споделувајте ги вашите искуства со други родители, семејството и пријателите. Ќе видите дека не сте само вие.

Споделувањето на заедничките искуства ќе ви покаже дека сте на прав пат и ќе ви даде сигурност.

Верувајте дека го знаете детето повеќе од било кој друг.

И на крај, избегнувајте да го споредувате своето дете со другите.

Ако сте загрижени за детето или ви треба помош како родители побарајте совет. Ова е знак на сила, а не слабост.