Подршка на друштвениот развој на децата

Децата постојано учат за нивниот свет и како да се однесуваат со другите. Желбата на децата да се поврзат со другите ги мотивира да учат и им дава на сигурност да пробуваат нови работи.

Друштвениот равој на децата е тесно поврзан со нивниот емоционален развој.  Децата кои можат да ги контролираат своите чувства, како лутина или возбуда, повеќе ќе бидат во можност да се впуштат во позитивна игра со другите деца и да ги усогласуваат потешкотиите со другите кога ќе настанат. Исто така, децата кои ги разбираат чувствата на другите ќе бидат почувствителни кон потребите на другите деца во играта.

Како родител, вие сте најважната врска со вашето дете и меѓу вашето дете и нивниот свет.  Децата учат за односите од начините како вие се однесувате кон нив и кон другите.

Сите деца минат низ различни фази на друштвен развој. Децата развиваат друштвени способности најмногу преку игра. Како децата играат се менува со возраста. Како тие растат, минуваат од играње самите кон играње со други деца и на крајот конструктивно играат со другите деца.

Запознајте го вашето дете

Деца од различни возрасти, потекла и карактери доживуваат различни предизвици во развојот на друштвените способности. Некои деца лесно се спријателуваат, други потешко. Некои деца се срамежливи, други се поотворени. Некогаш децата немаат проблем да развијат некои друштвени способности меѓутоа имаат проблеми со другите.

Наблудувајте го детето во различни друштвени ситуации. Гледајте како тоа се снаоѓа. Изгледаат ли тие различни во различни ситуации? Дали им недостасува сигурност? Им треба ли помош да се вклучат? Што прават со леснотија? Што им е најтешко? Исто како кога учат да одат и зборуваат, и на развојот на друштвените способности на децата им е потребна помош, пракса и повторување.

Начини како да му помогнете на детето

Создадете атмосфера на љубезност и дарежливост во домот. Поттикнувајте ги децата да споделуваат и да бидат обѕирни кон другите.

Моделирајте го друштвеното однесување кое сакате да го видите кај децата. И постарите деца може да помогнат како пример на помалите браќа и сестри.

Побарајте децата да помагаат во секојдневните работи и прифатете ја нивната понуда за помош.

Поттикнувајте различни соодветни односи помеѓу вашето дете и другите – како деца така и возрасни.

Помогнете им на децата да се чувствуваат позитивни за себе си. Позитивната самодоверба е критична за здрав друштвен развој.

Помогнете им на децата да ги разберат своите чувства и чувствата на другите.

Помогнете им на децата да развијат способности за тоа како да се приклучат на група и да ги следат правилата.

Имајте реални очекувања за споделувањето. За детето може да биде потешко да сподели некои играчки, на пример, омилената играчка. Тргнете ги настрана овие играчки кога детето си игра со другарчињата.

Обезбедете им повеќе можности на децата да играат со други деца.

Прашајте во градинката или училиштето со кого мине време вашето дете и организирајте време да си играат заедно.

Времето за играње на малите деца треба да биде кратко, едноставно и забавно. Воведете структурни активности во играта за малите деца. Постепено продолжувајте го времето на играње, зголемувајте го бројот на децата и намалувајте ги структурните активности како вашето дете станува поголемо и ќе видите дека тоа развива способности да се снаоѓа во овие ситуации.