Силни, здрави семејства

Силните, здрави семејства создаваат чувство на добробит во рамките на семејството и во секој член на семејството. Добробитот се состои од физичкото, менталното, емоционалното и социјалното здравје на поединецот. Силните, здрави семејства се подржуваат и охрабруваат меѓу себе за да бидат оптимистички, надежни и да истраат заедно за да успеат како поединци и како семејства. Во силните, среќни семејства секој има право да се чувствува безбеден, комфорен, среќен и сакан. Родителите имаат одговорност да обезбедат соодветен пример за нивните деца и средина во која тие ќе растат.

Family Strengths Research Project* идентификува осум јаки страни кои силните, среќни семејства во Австралија ги имаат заедничко. Тие се:

Комуникација:

Силните, среќни семејства ја ценат отворената, двонасочна комуникација. Тоа значи, родителите и децата дозволуваат секој да ислуша секого како и можноста да зборува. Силните, среќни семејства создаваат можности за целото семејство да учествува во дискусиите за секојдневните работи како и можностите да се дискутира за проблеми.

Заедништво:

Заедништвото создава “лепак” за семејствата да развијат чувство на припадност. Заедништвото значи споделување на слични вредности, верувања и морал. Децата се гледаат како важни членови од семејството кои имаат силно чувство на припадност кон семејството. Силното, среќно семејство се држи заедно низ патеката на животот.

Споделување на активности:

Силните, среќни семејства споделуваат и прават работи заедно. Тоа може да биде спорт, игри, читање приказни, минување време заедно, споделување на интереси и одмори. Како децата растат потребно е покреативно размислување за да се одржуваат вклучени во семејните активности. Тоа може да биде покана до пријателите на постарите деца да се приклучат на семејните активности и создавање на куќа на “пријателски млади луѓе” каде пријателите на децата се охрабруваат да доаѓаат.

Приврзаност:

Приврзаноста се покажува преку искрено споделување на чувствата преку гушкање, галење и бакнежи. Силните, среќни семејства си кажуваат како се чувствуваат, ги почитуваат чувствата на другите и покажуваат грижа, загриженост, почитување и интерест еден во друг.

Подршка:

Секој член на силно, среќно семејство знае дека членовите на семејството секогаш ќе бидат подготвени да му помогнат и ќе бидат заинтересирани за него. Во едно силно, среќно семејство во ред е да се побара помош и подршка.

Прифаќање:

Членовите на силно, среќно семејство покажуваат почитување и ги ценат разликите со другите. Натпреварувањето се обесхрабрува и членовите на семејст вото ја признаваат и ценат посебноста на другите, ги почитуваат туѓите мислења, си простуваат меѓу себе и им даваат на другите простор.

Определеност:

Силните, среќни семејства се определени и верни едни на други и на семејството како целина. Силните, среќни семејства се чувствуваат безбедно и сигурно еден со друг, си веруваат еден на друг и ги одржуваат ветувањата.

Издржливост:

Силните, среќни семејства ја имаат способноста да се прилагодуваат на променетите околности и имаат позитивен пристап кон било кој предизвик кој се јавува. Силните, среќни семејства разговараат за работите, ги одржуваат надежите на другите, се држат во време на криза, учејќи како семејство во од.

Во силните, среќни семејства односите помеѓу возрасните и децата се подржувачки, љубезни и праведни, каде децата имаат силно чувство на важност и припадност. Strong,